Холандија поведе по само седум минути игра, меѓутоа Англија од пенал преку Хари Кејн се врати во игра и изедначи во 18-тата минута од средбата.
Кејн беше сигурен реализатор на пеналот, но оваа најсторга која беше досудена по реакција на ВАР сигурно ќе биде предмет на подлабока анализа, сигурно ќе има голем дел од јавноста кој ќе смета дека „Гордиот Албион“ не требаше да добие удар од 11 метри.