Паднал договор: Де Роси и Рома ја продолжуваат соработката

by Стефан
1 минути читање

На Де Роси не му оди лошо во Рома, па во римскиот клуб донеле одлука за продолжување на соработката.

Првичните информации од Италија беа дека Де Роси и Рома ќе ја продолжат соработката за една сезона, но утрово италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека новиот договор кој ќе го потпише Де Роси ќе биде на три години.

Според информациите двете страни веќе имаат договор и останува само уште официјализирањ ена зделката.

Откако го наследи Мурињо на клупата, Де Роси ја водеше Рома на 26 натпревари во кои оствари 14 победи и имаше уште шест порази и шест нерешени резултати. Рома со него обезбеди настап во Лигата на Европа следната сезона како шестопласирана во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани