52
Пол Погба е слободен да си бара нов клуб откако денеска Јувентус соопшти дека е раскинат договорот со францускиот фудбалер.
Погба доби намалување на казната и може да почне да игра, но тоа нема да биде во Јувентус кој не сакаше да го задржи и го раскина договорот.
„Јувентус и Пол Погба соопштуваат дека постигнаа взаемна согласност за раскин на договорот на 30 неомври 2024. Клубот му посакува се најдобро во професионалната иднина“, стои во соопштението на Јуве.