360
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Србија на уште две години и ќе остане селектор до 2026 година.
Пикси така потенцијално ќе ја води Србија и на Мундијалот во Америка, Мексико и Канада ако се пласираат.
Пред себе летово ќе има голем испит на Европското првенство Германија каде што Србија ќе игра во група со Англија, Данска и Словенија.