Официјално: По 15 години Тијаго Силва се врати во Флуминенсе!

by riste
1 минути читање

Легендарниот бразилски дефанзивец, Тијаго Силва во наредните две сезони ќе го носи дресот на Флуминенсе, клубот од каде што потпиша за Милан.

39-годишниот фудбалер се врати во својата татковина, во својот Флуминенсе со кого потпиша договор до 2026 година.

Првите фудбалски почетоци на Тијаго Силва се во младинскиот погон на Флуминенсе каде беше од 1998 до 2000 година, во 2006 година како сениор дојде до овој тим, а во 2009 од таму потпиша за Милан.

По успешните авантури во Милан, ПСЖ и Челси каде остави голема трага, Тијаго Силва се враќа во Флуминенсе, а со оглед на возраста, голема е веројатноста дека таму и ќе ја заврши кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани