Официјално: Лацио има нов тренер

by Стефан
1 минути читање

Игор Тудор минатата недела поднесе оставка од клупата на Лацио и така си замина од клупата на римскиот клуб по само три месеци. Денес Лацио го претстави новиот тренер.

Клубот од Рим потврди дека нов тренер на тимот е Марко Барони. Искусниот 60-годишен стратег во изминатата сезона ја водеше Верона со која заврши на 13. место на табелата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Барони бил желба на претседателот Клаудио Лотио. Барони во кариерата не освоил ниту еден трофеј, а како најголем успех му се смета пласманот со Лече од Серија Б во Серија А во сезоната 2021/2022.

Покрај Лече и Верона беше тренер уште на Реџина, Кремонезе, Фросиноне, Беневенто, Пескара, Новара…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани