321
Стигна и официјална потврда од Вест Хем за тренерската смена која се подготвува, Дејвид Мојс нема да биде тренер на тимот и следната сезона.
„Вест Хем може да потврди дека Дејвид Мојс ќе го напушти клубот на заемна согласност на крајот од сезоната кога неговиот договор истекува“, стои во соопштението на лондонскиот клуб.
Дејвид Мојс ќе биде запишан во историјата на Вест Хем како тренерот кој им го донесе првиот голем трофеј по 1980 година. Со него лани станаа шампиони во Конференциската лига откако во финалето во Прага ја совладаа Фиорентина со 2-1.
Се очекува Хулен Лопетеги да биде новиот тренер на Вест Хем.