75
Привремениот селектор на Англија, Ли Карлсли се соочи со сериозни проблеми пред последниот репрезентативен прозорец на кој ќе ја води репрезентацијата.
Досега на Карлсли му откажаа дури осуммина фудбалери поради повреди и други проблеми.
На листата меѓу „отказите“ се ѕвездите на лондонските клубови Букајо Сака, Деклан Рајс и Кол Палмер, бекот на Ливерпул Трент Александер Арнолд, ѕвездите на Сити, Фил Фоден и Џек Грилиш, како и Леви Колвил и Арон Ремсдејл.
Селекторот кој последен пат ќе ја води Англија на ноемвриските мечеви дополнително ги повика Морган Роџерс, Џарод Боуен, Џарад Брејтвент, Тино Ливраменто и Џејмс Трафорд.