Осогово и Саса се спасија, Тетекс оди во Трета Лига, Победа ќе игра бараж за опстанок!

by riste
2 минути читање

Тетекс со 1-0 беше поразен од Башкими, пораз кој го чинеше тетовскиот клуб испаѓање во Трета лига, Победа загуби од Беса со 5-1, тие ќе имаат шанса преку баражот да опстанат, Осогово со триумф од 3-0 над Пелистер остана во лигата, како и Саса која со 5-3 беше подобра од Вардар Неготино.

Тетекс не успеа да дојде до победа на гостувањето кај Башкими и да остане во втората лига, славниот македонски клуб во следната сезона ќе настапува во третиот ранг на натпреварување.

Победа доживеа дебакл на свој терен од провопласираната Беса со 5-1, но прилепскиот клуб ќе има уште една шанса за опстанок, преку баражот.

Навивачите во Кочани се радуваа денеска, Осогово со 3-0 го совлада Пелистер и го завери опстанокот во лигата.

Слично беше и во Каменица каде Саса со 5-3 славеше над Вардар Неготино и избори опстанок.

Во другите денешни натпревари Беласица со 2-1 го победи Арсими, Детонит со 2-0 славеше над Карорман, Новаци со 2-1 беше подобар од Скопје, а Охрид со 2-0 триумфираше над Кожуф.

Резултати:
Башкими – Тетекс 1-0
Беласица – Арсими 2-1
Детонит – Караорман 2-0
Саса – Вардар Неготино 5-3
Новаци – Скопје 2-1
Охрид – Кожуф 2-0
Осогово – Пелистер 3-0
Победа – Беса 1-5

Табела: Беса 77, Пелистер 70, Детонит 60, Арисими 51, Охрид 45, Вардар Неготино 42, Беласица 42, Башкими 42, Скопје 41, Кожуф 38. Новаци 34, Осогово 30, Каменица Саса 29, Победа 28, Тетекс 27, Караорман 15.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани