Одигра само еден меч за Партизан, но вели дека си оди бидејќи не сака да игра на „ораници“

by 24 фудбал
1 минути читање

Дефанзивецот на Партизан, Натан де Медина, по крајот на сезоната си заминува од Белград.

26-годишниот стопер не се изнаигра откако минатото лето пристигна од германскиот второлигаш Ајнтрахт Браушвајг. Де Медина забележа само еден настап за Партизан и тоа во првата рунда на Купот против Графичар. И покрај тоа што цела сезона седеше на клупата, тој како причина за заминување даде интересен факт.

Имено, според српските медиуми Де Медина одлучил да не го продолжи договорот со Партизан бидејќи не сака да игра на „ораници“ од терени. Белгискиот стопер во минатото играше за Андерлехт, Леувен и Мускрон во Белгија, како и Арминија Билифилд и Ајнтрахт Браушвајг во Германија.

Поради тоа тој е изненаден од малиот број публика на стадионите во Србија, а кажал дека не може да се мотивира да работи напорно кога терените се во лоша состојба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани