Ограбен фудбалер на Тотнем: Останал без часовник вреден 300.000 евра

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Тотнем и репрезентацијата на Мали, Ивес Бисума (27) бил жртва на насилен грабеж во ноќта помеѓу саботата и неделата во Кан.

Играчот за врска бил нападнат додека со неговата партнерка се враќал од забава во четири часот наутро. Двајца маскирани мажи го нападнале пред неговиот автомобил кој му бил паркиран пред хотелот.

Бисума се обидел да влезе во автомобилот, но бил испрскан со солзавец. Фдбалерот останал без својот часовник вреден околу 300.000 евра. Полицијата е во потрага по сторителите кои засега се во бегство.

За среќа Бисума и неговата девојка поминале без повреди. Репрезентативецот на Мали го носи дресот на Тотнем од 2022 година, претходно беше член на Брајтон и Лил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани