Ова многумина не го знаат: Играчите не смеат да ги носат омилените броеви на ЕП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалските репрезентации кои изборија место на Европското првенство се во завршна фаза на подготовките за турнирот. Рокот на УЕФА за приложување на финалните списоци истекува денес, а тоа значи дека федерациите мора да ги утврдат и бројките на фудбалерите.

Факт што голем број од фудбалските фанови не го знаат е дека играчите не можат да ги бираат своите омилени броеви, ако тие се поголеми од максималниот број на фудбалери на списокот. Тоа во овој случај значи дека бројките за сите играчи ќе бидат од 1 до 26.

Во елитниот фудбал постојат доста примери за ѕвезди кои имаат уникатни броеви на дресовите. Само кај Англичаните има неколку играчи (Фоден – 47, Рајс – 41, Арнолд – 66), кај Италијанците тоа е Донарума – 99…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани