81
Младиот стопер на Барселона, Пау Кубарси доби тешка повреда на гости кај Црвена Звезда во Белград.
Барса рутински запиша уште една победа во Лигата на шампионите, а цехот за тоа го плати дефанзивецот. Во еден дуел со Урош Спајиќ, Кубарси си доби копачка во лицето и тоа резултираше со десетина конци.
Како што пренесува „Марка“, и покрај тоа што имаше повреда во средата Кубарси сака веќе викендов да се најде на теренот за Барселона против Реал Сосиедад.
Медиумот исто така пренесе дека Ханси Флик не е сигурен дали тоа е паметно и дали вреди да се ризикува и покрај проблемите со дефанзивната линија.