Манчестер Јунајтед беше поразен од Нотингем Форест со 2-3 во Премиер лигата. „Шумарите“ потврдија дека сезонава се во одлична форма, а потврдија и дека ривалот е во голема криза.
Во неколку денови „црвените ѓаволи“ претрпеа два порази. Прво загубија на гостувањето кај Арсенал во средата (2-0), а сега и дома од Нотингем Форест.
Ова е нешто на што новиот тренер Рубен Аморим не е навикнат. Во својата скромна тренерска кариера само вторпат му се случи да загуби два првенствени натпревари во низа.
Првиот пат тоа беше со Спортинг во 2022 година, но бидејќи овој тим доминираше во Португалија, тие појави не беа чести. Аморим не тргна како што се очекуваше во Јунајтед. Ниту тој нема магично стапче и не може веднаш да ги смени работите во клубот.