Најдобриот стрелец во Ла Лига може да се пресели во Серија А, два гиганти се во битка за неговиот потпис

by Стефан
1 минути читање

Како што стојат работите екипата на Жирона би можела да остане без својот најдобар стрелец, Артем Довбик.

Украинскиот репрезентативец зад себе има фантастична сезона и со 24 гола и помогна на Жирона да дојде до историскиот пласман во Лигата на шампионите. Сепак, за Довбик пристигнале неколку примамливи понуди и тој уште летово би можел да ја промени средината.

Најголемиот интерес за напаѓачот бил од италијанските гиганти Јувентус и Интер. Двајцата гиганти сакаат да го видат во своите редови, а нешто поголеми шанси се даваат на Јувентус кој има подобра финансиска ситуација од својот голем ривал.

За Довбик играњето во Серија А може да биде предизвик и наводно веќе изразил желба да се пресели во поголем клуб. Кариерата овој напаѓач ја започна во Черкаси Днипро, а подоцна играше уште за Мидтијланд, Днипро и Сондерјуске. На трансфер пазарот неговата вредност се проценува на 35 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани