Најдобрата одлука на Санчо во кариерата е да не му се извини на Тен Хаг!

by riste
1 минути читање

Џејдон Санчо со Борусија Дортмунд ќе игра во финалето од Лигата на шампионите, додека во меѓувреме Манчестер јунајтед се мачи во Премиерлигата и им приредува разочарувања на своите навивачи.

Санчо одигра само три меча за Манчестер јунајтед во првиот дел од оваа сезона. Тој јавно се скара со Ерик Тен Хаг и беше отстранет од тимот.

Тен Хаг му посави услов на Санчо за да го врати во тимот, а тоа беше да му се извини за зборовите кои јавно ги кажа.

Но, англискиот фудбалер никогаш не го стори тоа, одбиваше да му се извини на тренерот, по што беше пратен на позајмица во Борусија Дортмунд.

На крајот излезе дека одлуката да не му се извини на Тен Хаг беше неговиот најдобар потег во кариерата. Сега е среќен, има важна улога во тимот на Борусија Дортмунд и ќе игра финале од Лигата на шампионите на Вембли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани