Навивачка одмазда во Италија: Навивачи на Џенова запалија клупска просторија на големиот ривал (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Ретко се случува во ист ден во Џенова да играат истоимениот клуб и градскиот ривал Сампдорија, меѓутоа и во таква ситуација доаѓа до пресметки помеѓу навивачите.

Сампдорија во Серија Б на домашен терен на „Луиџи Ферариса“ ја победи Реџиана, додека Џенова на гости кај Милан одигра 3:3.

Во текот на денот на улиците во Џенова дојде до судир помеѓу навивачи на двата клуба, полицијата реагираше, но тоа не ги спречи навивачите на Џенова подоцна да ја запалат просторијата со знамиња на риваот.

Откако се вратија од Милано навивачите на Џенова ја запалиле една од најпознатите простории со знамиња и клупски реквизите на Сампдорија.

Сампдорија ќе биде сигурен учесник во плеј-оф за влез во повисок ранг, додека нивниот ривал е сигурен на средината на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани