Му беше капитен во Сити, а сега ќе му биде тренер во Баерн: Нема да има посебен третман

by 24 фудбал
1 минути читање

Винсент Компани пристигна на клупата на Баерн Минхен како наследник на Томас Тухел. Непосредно по крајот на сезоната Белгиецот беше промовиран како нов тренер на баварците.

Интересна е ситуацијата меѓу Компани и Лерој Сане. Имено, пред само неколку години овие двајца ја делеа соблекувалната како соиграчи во Манчестер Сити. Тогаш Винсент Компану му беше капитен на Сане, додека сега ќе му биде тренер.

„Во Сити јас бев повеќе од капитен. Поради тоа, можеби работите нема да бидат многу поинакви за Лерој од тоа што се случуваше во Сити. Тој е многу талентиран фудбалер. Мојата работа е да го извлечам најдоброто од Сане, но и секој друг фудбалер. Никој нема да има посебен третман“, изјави Компани.

Соработката на Белгиецот и Германецот ќе продолжи летово по Европското првенство на подготовките на Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани