Модриќ со емотивна порака до Крос: Пријателе, ти си легенда, освои сѐ, но ни остана уште едно!

by riste
8 минути читање

Лука Модриќ со емотивна порака на социјалните мрежи се збогува со својот партнер од средниот ред во Реал Мадрид, Тони Крос кој објави крај на кариерата.

Модриќ и Крос формираа легендарно дуо во средниот ред на кралскиот клуб кое функционираше беспрекорно во изминатите години.

Германецот денеска објави крај на кариерата, а Хрватот не можеше да се воздржи а да не објави посебен пост за него.

Двајцата освоија многу титули, а можат уште една, онаа од Лигата на шампионите кога во финалето на Вембли ќе истрчаат против Борусија Дортмунд.

„Тешко ми е да ги напишам овие зборови.
Фудбалскиот свет е тажен затоа што заминува историски фудбалер и признавам, јас исто така сум многу тажен. Човеку, ти си легенда на овој спорт и легенда на Реал Мадрид.
Навистина уживав играјќи покрај тебе. Ми беше вистинска чест да ја делам средината на теренот на Реал Мадрид со тебе.
Ти имаш квалитети кои те прават единствен и специјален фудбалер, и никогаш нема да има друг Тони Крос.
Незаборавни европски ноќи, титули, магијата на Бернабеу… никогаш нема да го заборавием ова златно време во клубот на нашите животи.
Ти освои сѐ, но ни остана уште едно, ајде да одиме на 15та.
Ќе ми недостасуваш пријателе“,
напиша Модриќ за Крос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани