Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски вчера дебитираше во Лигата на шампионите, а на своето деби пропушти и голема прилика да се запише во листата на стрелци за Жирона.
Миовски во 67. минута доби удар од белата точка кој самиот го изнуди. Еден ден по настапот, Миовски истакна дека настапот во Лигата на шампиоите е остварување на неговиот сон, но сепак жали што не успеал да се запише во листата на стрелци.
„Дебито во Лигата на шампионите за мене е остварување на уште еден сон, но за жал некогаш работите не се онака како што посакуваме. Сето тоа ќе ме направи посилен и фокусиран на следниот натпревар за тимот во првенството“, стои во пораката на Миовски на социјалните мрежи.