141
Партизан многу веројатно повторно ќе менува тренер, бидејќи според најавите Саво Милошевиќ поднесе оставка.
Причината за такво нешто е бизарна, управата побара од тренерот да ја смали платата, а тој не прифати. Според Србите, двете страни не пронајдоа заеднички јазик и разделбата е неминовна. Партизан реши да ги намалува трошоците за работа, а еден од сегментите беа платите.
Голем број вработени од Партизан заминаа поради истата причина, а Милошевиќ ќе биде последен во низата.
Партизан може да жали, бидејќи под водство на Саво Милошевиќ излезе од кризата и се врати на посакуваните патеки во српската Суперлига. Сепак, сега управата ќе побара ново решение.