98
Франција одигра лош меч против Италија иако почна совршено добро, по натпреварот имало тензија во соблекувалната на Французите.
„Л’Екип“ пишува дека голманот на Милан, Мајк Мењан вербално ги нападнал Мбапе и Гризман затоа што не бил задоволен од нивното залагање на теренот.
Тој ги обвинил дека повеќе се трудат за своите клубови отколку за репрезентацијата.
Одговорноста за поразот од Италија, сепак, по мечот ја презема селекторот Дидие Дешам кој кажа дека е виновен поради погрешна тактичка поставеност на теренот.