217
Бохум со 4-3 славеше на гостувањето кај Унион Берлин и направи голем чекор кон обезбедување на опстанок во Бундеслигата. Македонскиот репрезентативец, Елези остана на клупата кај победничкиот тим.
Бохум водеше со 3-0 по првото полувреме, два гола даде Витек, еднаш стрелец беше Шлотербек.
Унион Берлин успеа да се врати во мечот во второто полувреме, преку Вересен и Бедиа намали на 3-2.
Но, Хофман погоди за предност на Бохум од 4-2, а до крајот на мечот Унион Берлин преку Холербах успеа само да ги постави конечните 4-3 за гостите.
Бохум сега има 33 бода, три повеќе од Унион Берлин кој може да падне во зоната за испаѓање доколку Маинц денеска го совлада Хејденхејм.