354
Лео Меси има големи пофалби за 19-годишниот фудбалер на Монца, Валентин Карбони кој синоќа беше стартер во репрезентацијата на Аргентина.
Карбони е играч од средниот ред кој во март го имаше своето деби за Аргентина, но тогаш одигра само десетина минути.
Синоќа против Гватемала доби шанса од првата минута и на теренот беше повеќе од еден час.
По мечот Карбони доби големи комплименти од Лео Меси.
„Валентин Карбони има неверојатна иднина. Тој е и сегашност и иднина. Веќе го гледав него во репрезентацијата до 20 години, но многу созреа. Тој е поинаков фудбалер од другите со неверојатен квалитет“, рече Меси.