Мемфис Депај предвреме и бесплатно заминува од Атлетико Мадрид

by 24 фудбал
1 минути читање

Холандскиот напаѓач Мемфис Депај ова лето ќе биде во потрага по нова средина, бидејќи е пред раскинување на соработката со Атлетико Мадрид.

30-годишникот кој во јануари 2023 година пристигна од Барселона во Атлетико за сума од три милиони евра, сега бесплатно ќе си оди од „Ванда Метрополитано“. Покрај тоа што ќе замине без обештетување, клубот и играчот дури и ќе го укинат договорот кој требаше да важи до летото 2025 година.

Депај ќе биде слободен во изборот на новата средина за следната сезона. Во својата фудбалска кариера Холанѓанецот преку ПСВ дојде до голем трансфер во Манчестер Јунајтед, но не се наметна на „Олд Трафорд“. По година и половина во Манчестер, Мемфис Депај се пресели во Олимпик Лион и таму ја оживеа својата кариера. Следеше повик од Барселона и тој бесплатно заврши на „Камп Ноу“, а таму се задржа до почетокот на 2023 година.

Сезонава Депај во дресот на Атлетико Мадрид запиша 31 настап на кои постигна девет погодоци и подели две асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани