1,5K
Францускиот голгетер Килијан Мбапе предизвика бурни реакции со својата последна изјава во јавноста дека Дидие Дешам не го повикал да игра за Франција, иако тој бил подготвен.
Во септември напаѓачот побарал да биде отсутен, но потоа тој сакал да биде со репрезентцијата.
„За мене Франција секогаш е најважна. Во септември побарав да одморам бидејќи не бев 100% спремен и тоа му го кажав на тренерот. Во ноември одлуката беше негова…
Сакав да играм за Франција, но тој одлучи да не ме повика. Не можам да кажам зошто, не ми е дозволено да зборувам на таа тема. Ако сака тој нека каже“, изјави Мбапе.