125
Босански Железничар славеше со 3-1 во мечот од третото првенствено коло против Игман Коњиќ.
На овој меч стартер и стрелец за својот нов тим беше Матеј Цветаноски. Младиот крилен напаѓач кој ова лето потпиша со Железничар погоди за 3-0 во 59. минута од средбата. Цветаноски добро проследи акција и на втора статива ја дочека топката, а без размислување ја смести во мрежата.
Ова беше прв погодок на Матеј Цветаноски во редовите на Железничар во својот трет настап за клубот.
Дебитантски минути за босанскиот претставник имаше и Мартин Мирчевски, офанзивецот кој од ТСЦ Бачка Топола по истекот на договорот се пресели во Сараево.