157
Македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски го постигна првиот погодок во редовите на босански Железничар.
Во рамките на третото коло на првенството на Босна и Херцеговина тој беше стрелец во победата на неговиот тим. Со добриот настап за Железничар, Цветаноски се најде во изборот на тимот на колото. Тој беше одбран за најдобро десно крило во лигата за третата рунда.
Деби настап за Железничар имаше и Мартин Мирчевски кој неодамна му стана соиграч на Цветаноски во клубот.