264
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез го испофали Кристијано Роналдо во пресрет на утрешното полуфинале против Франција.
Португалија по голема битка, дури на пенали ќа победи Словенија. Во текот на мечот Кристијано Роналдо промаши пенал и можеше да биде трагичар, но на крајот добро се заврши за него.
Селекторот Мартинез е полн со пофалби за Роналдо.
„Значајно е да се види играч кој освоил сè и има толкав број на рекорди, толку натпревари за репрезентацијата и број на голови. Свежината која ја внесува е изненадувачка. Тој е пример, тој сака да победува секој ден, сака да се натпреварува секој ден. Привилегија е да се има Роналдо во тимот“, вели Мартинез.