96
Италијанскиот селектор, Роберто Манчини ја изненади јавноста кога ја напушти Италија и ја преземе Саудиска Арабија каде што не се задржа долго.
Манчини на клупата на Саудиска Арабија седна летото 2023 година, но сега вели дека не ја водел оваа селекција поради пари.
„Не велам дека тоа за тренер е мала сума, иако заработував помалку отколку што се пишува во медиумите. Сепак, тоа не беше одлучувачки актор за да ја напуштам Италија“, изјави Манчини.
Отказот во Саудиска Арабија, Манчини го доби по дебаклот на Азискиот куп и лошите резултати во квалификациите за Мундијалот 2026 година.