Манчестер Сити го победи Тотнем и дојде на чекор до историски успех! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Со два гола на Халанд, Манчестер Сити со 2-0 славеше на гостувањето кај Тотнем и направи огромен чекор кон нова шампионска титула која ќе биде историска.

Денешниот меч важеше за најтежок во распоредот на последните дуели на Сити, но момците на Пеп Гвардиола успешно го минаа.

Резултатот беше отворен по шест минути игра во вториот дел кога по асистенција од Де Брујне, Халанд даде гол за 1-0.

Во финишот од мечот Сон промаши еден на еден со голманот Ортега, а казната стигна брзо. Халанд од пенал во 91. минута ги постави конечните 2-0.

Во последното коло Манчестер Сити го пречекува Вест Хем и ако победи четврти пат по ред ќе стане шампион на Англија, нешто што досега на никој не му успеало.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани