Макрон индиректно го потврди трансферот на Мбапе: Ќе правам притисок на неговиот нов клуб!

by riste
1 минути читање

Франција како домаќин на Олимписките игри сака да направи конкурентен фудбалски тим, а една од идеите е да го има и Килијан Мбапе во составот.

Фудбалските репрезентации на Олимписките игри се составени од фудбалери до 23 години плус тројца играчи кои можат да бидат постари од оваа возрасна граница.

Идејата на селекторот Анри е еден од тројцата такви играчи да биде Килијан Мбапе. Тоа го сака и самиот фудбалер, но проблем може да биде клубот.

Клубовите немаат обврска да ги пуштат играчите за Олимпијада, па Мбапе можеби и нема да може да настапи ако нема зелено светло веројатно од Реал Мадрид.

„Мбапе на Олимписките игри? Се надевам. Во секој случај, ќе правам максимален притисок на неговиот нов клуб“, рече претседателот на Франција, Макрон, со што индиректно и потврди дека францускиот фудбалер ќе има нов клуб, нешто што официјално уште не е објавено.

Макрон е добро запознаен со кариерата на Мбапе бидејќи веќе неколкупати имаше разговори со него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани