502
Долго време ФИФА се бори против трошењето на време, особено кога една екипа е во предност.
Веројатно најмногу време трошат голманите, а сега постои идеја за да се намали тоа. Кога голман ќе ја добие топката в раце, технички е ограничен со неколку секунди, меѓутоа многу често се случува барајќи опции да мине доста повеќе од тоа време.
Поради тоа, се најавува многу интересен механизам. Имено, доколку голман ја држи топката в рака повеќе од осум секунди, судијата би досудил корнер за другата екипа. Такво правило би било вистинска револуција во фудбалскиот свет.