49
Лирим Ќамили постигна нов погодок во Суперлигата на Данска, во ремито на Сондерјиске дома против екипата на Бронби (2-2).
Македонскиот репрезентативец стрела во 66. минута при негатива од 0-2 и инспирира кам-бек на неговата екипа. Ќамили беше на вистинското место, во вистинското време и ја втурна топката во мрежата на гостинскиот тим.
Ова беше седми сезонски погодок на Ќамили во данското првенство. Инаку, тој одигра 89 минути и тогаш беше заменет со Иван Николов, а цел меч одигра Сефер Емини.