Легендата на Црвена Звезда остана без возачка дозвола, возел под дејство на алкохол

by Стефан
1 минути читање

Миодраг Белодедиќ, познатиот фудбалер на Црвена Звезда бил уапсен во Романија поради возење под дејство на алкохол.

Се се случило претходниот викенд по ревијалниот натпревар во Букурешт на кој генерацијата на Романија од 1994 година играше против „тимот на светот“, тим за кој настапи и македонската фудбалска легенда, Горан Пандев.

Белодедиќ си тргнал дома по забавата која била организирана по натпреварот, но полицијата го запрела откако кратко го бркала.

Ситуацијата ја потврди и самиот Белодедиќ.

„Полицијата ме запре по забавата со пријатели. Возеше 100 метри зад мене, испив два пијалоци и тестот за алкохоло покажа 0.08 промили. Јасно е дека тоа е прекршок, но не бев пијан. Сепак, законот е таков и возачката ми е одземена на 90 денa“, изјави Белодедиќ.

Белодедиќ не е легенда само на Црвена Звезда, туку и на Стеауа со која ја освои Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани