Леверкузен продолжува да гази: Со пет гола го потопи Бохум! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Новиот шампион во Бундеслигата, Баер Леверкузен продолжи да доминира во Германија и го „торпедираше“ Бохум со убедливи 5:0.

Уште во 15. минута Бохум остана со играч помалку откако црвен картон доби Паслак, па до крајот на првиот дел Шик и Бонифејс погодуваа за водство од 0:2.

Во второто полувреме следуваше уште подобро издание на Баер, а преку погдоците на Адли, Станишиќ и Грималдо обезбедија убедливи 5:0.

За Леверкузен ова беше 50. натпревар без пораз и со оглед на формата оваа нивна непоразеност веројатно ќе продлжи и во следните натпревари.

ГОЛОВИТЕ ОД НАТПРЕВАРОТ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ – ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани