391
Фудбалерите на Лос Анџелес Галакси се радуваа на победа во финалето на плеј-офот во МЛС лигата против Њујорк Ред Булс (2-1) и го кренаа трофејот во натпреварувањето.
Рано паднаа три гола на мечот во Карсон, до 28. минута веќе беше поставен конечниот резултат. Поведе Галакси преку Пеинтсил и Јовелиќ со голови во 9. и 13. минута, а потоа Нелис погоди за 2-1.
Немаше сили Њујорк во продолжението да стигне до израмнување, иако се обиде и притисна. На крајот тимот кој е во сопственост на групацијата Ред Бул остана со празни раце.
ЛА Галакси по десет години пауза повторно ја освои МЛС лигата, а вкупно има шест титули.