Куп на Македонија: Тиквеш и Воска во битка за историја и излез во Европа

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипите на Тиквеш и Воска Спорт ќе се судрат во финалето на Купот на Македонија. Оваа година кавадарчани и охриѓани успеаја да се пласираат во мечот за трофејот и тоа значи дека првпат две екипи кои никогаш не биле во финале ќе вкрстат копја во оваа фаза на натпреварувањето.

Битката за титулата во Купот секогаш е посебна, а особено сега кога во неа се две дебитантски екипи кои бркаат историја. Мотивире не недостигаат ниту во Тиквеш, ниту во Воска. Двата тима во претходните денови масовно го најавуваат финалето, повикуваат на поддршка и најавуваат голема борба и напад на трофејот. На средбата со новинарите пред мечот двајцата тренери и капитени го покажаа својот мотив преку зборовите.

Поради тоа, финалето ветува возбудувања. Покрај историскиот трофеј кој сам по себе е доволен мотив, победа во ова финале носи и европско лето. Освојувачот на Купот на Македонија има загарантирано место во првото коло на Конференциската лига на УЕФА, а тоа носи премија од 150.000 евра. Доколку нашиот претставник успее да ја скокне првата препрека, второто претколо носи уште 350.000.

Мечот меѓу Тиквеш и Воска Спорт се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во терминот од 19:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани