Беласица и Македонија Ѓорче Петров одиграа еден возбудлив натпревар кој во регуларните 90 минтуи заврши без победник со по два гола на двете страни.
Маркоски ги доведе „лавовите“ во водство со кое тимот од Ѓорче замина и на паузата. Со два гола на стартот од вториот дел мреку Митров во 48. минута и Стојанов во 54. минута Беласица успеа да го сврти резултатот.
Да не видиме елиминација на Македонија Ѓорче Петров се погрижи ветеранот Крсте Велковски кој реализираше пенал во 79. минута.
Воска во вториот натпревар дури со два погодоци во финишот го скрши отпорот на Башкими кој одигра одличен натпревар проттив фаворитот (0-2).
Дуелот помеѓу Гостивар и Победа кој започна нешто подоцна се уште е во тек.