93
Актуелниот шампион на Македонија, екипата на Струга, денеска од 14 часот му гостува на Вардар на Националната Арена „Тодор Проески“. Тоа ќе биде дуел на стружани против нивниот поранешен тренер Срѓан Захариевски.
Струга е фаворит против Вардар и според позицијата на табелата и според квалитетот и широчината на составот кој го имаат.
Името Вардар секогаш ја зголемува мотивацијата кај противниците, тоа не го крие играчот на Струга, Бесарт Кривањева.
„Натпреварите против Вардар секогаш се посебни, особено за мене како фудбалер кој доаѓа од Скопје. Ветувам дека ќе го дадам максимумот иако имав некои проблеми пред мечот со Гостивар. Подготвен сум за петта победа против Вардар“, вели Кривањева.