Костадинов: Штета, наивно направивме пенал и загубивме

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација го одигра последниот пријателски натпревар пред стартот на следното издание на Лигата на нациите. Овојпат нашите „рисови“ загубија од Чешка со два пенали (2-1).

По натпреварот својот став во микс зоната го изнесе фудбалерот за врска Тихо Костадинов, кој кажа:

„Знаевме дека ќе биде физички тежок натпревар. На тоа бевме подготвени, дека Чесите ќе играат на центаршутеви бидејќи физички се доста моќни. Мислам дека многу добро одговоривме на тоа. Штета за тие две ситуации, според мене првиот пенал беше доста дискутабилен, но тоа е дел од фудбалот. Исто така направивме наивен пенал во последните секунди, меѓутоа одиме понатаму. Игравме против многу силен ривал кој ќе игра на ЕП. Тоа треба да ни даде мотив и самодоверба бидејќи мислам тоа ни недостига. Почнувам од себе индивидуално, јас и колегите мора да работиме на тоа да се подобриме во тој аспект. Во тактичкиот аспект и борбеноста нема замерки. Треба да извлечеме поуки од овој натпревар, да работиме на себе и во септември да си ја оствариме целта“.

Со овој пораз Македонија е во серија од шест натпревари без победа, во кои два беа нерешени против Англија и Молдавија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани