Комо по 21 година се врати во калчо елитата, а Фабрегас ветил: „Одиме на Ибица“

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Комо одиграа според планот, ремизираа дома со Косенца во последното коло на Серија Б и во следната сезона ќе се натпреваруваат во калчо-елитата. По пауза од 21 година овој клуб кој игра на стадион крај култното италијанско езеро ќе заигра пак во Серија А.

Еден од „архитектите“ на овој тим е Цеск Фабрегас. Шпанската легенда која има и акции во клубот во моментов е асистент тренер, но само поради недостиг на професионална лиценца. По ремито со Косенца, во соблекувалната шпанскиот стратег одржа говор пред играчите, кој беше проследен со аплаузи.

„Пред сè, честитки за шампионската сезона. Утре имате тренинг во десет. Една работа морам да кажам пред да излеземе таму со навивачите: Соберете сили, бидејќи оваа сезона беше ништо! Ова беше само загревање. Следната година мора поефикасно, повеќе работа. А, сега, како што ви ветив, одиме на Ибица?“, кажа Фабрегас во говорот пред играчите.

Инаку, ко-сопственик во Комо со дел од акциите е и легендарниот француски голгетер Тиери Анри. И тој беше присутен на трибините на стадионот во Комо, проследувајќи го големиот успех на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани