71
Најбројната македонска навивачка група Комити реши да не молчи и веднаш реагираше по објавата дека нов тренер на Вардар ќе биде Гоце Седлоски.
50-годишникот се врати на клупата на вардарци по седум години, а навивачите не му простуваат што во меѓувреме го водеше и Шкупи. Комити напишаа остро соопштение, го посочија моментот дека Седлоски седна на маса и соработуваше со управата на Шкупи, а тоа го поврзаа со убиството на Никола Саздовски – Саздо во Чаир.
Комити беа децидни во своето излагање, напишаа дека Седлоски не може и нема да биде тренер на Вардар.