88
Фелипе Кутињо ќе остане запаметен како еден од најдобро техички потковани фудбалери на својата генерација.
Својата класа ја докажа со настапите во Ливерпул, меѓутоа по трансферот во Барселона неговата форма тргна во надолна линија. Следеа позајмици во Баерн и Астон Вила која го откупи, но потоа го испрати во Ал Духаил каде што ја помина минатата сезона.
Оваа година Кутињо го носи дресот на Васко Де Гама каде и што не е стандарден, меѓутоа на моменти знае да го покаже својот раскошен талент.
Така беше и во натпреварот против Палмеирас во кој си поигра со двајца свои чувари.