Капитенот на Силекс: Респект до Вардар, ама нашата цел е победа и да бидеме есенски првак!

by 24 фудбал
1 минути читање

Силекс ќе го дочека скопски Вардар во последното 18. коло на ПМФЛ за 2024 година.

Имаат шанса кратовчани да ја завршат годината на првото место, но мора да го добијат Вардар и да им се „поклопат“ коцките на дербито во Тетово.

Во пресрет на натпреварот во Кратово, своите очекувања ги изнесе капитенот Иван Шуберт. Стоперот укажа респект кон ривалот Вардар, меѓутоа нагласи дека неговиот тим има само една цел.

Имаме почит кон ФК Вардар, но не сме скромни во нашите амбиции. Нашата цел е само победа и есенска титула. Атмосферата во клубот е на одлично ниво, сакаме така да продолжи во текот на зимската пауза“, изјави српскиот стопер.

Сите шест меча во ПМФЛ се играат во 13:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани