Како Роналдо што си го чекаше „својот“ број од Раул, така Мбапе ќе го чека од Модриќ!

by riste
1 минути читање

Килијан Мбапе од вчера и официјално е фудбалер на Реал Мадрид, но францускиот фудбалер ќе почека за да ја добие неговата „десетка“.

Мбапе во новата сезона ќе го носи дресот со бројот 9.

Тој дури не се ни осмелил да ја побара десетката која е на грбот на Лука Модриќ кој и наредната сезона ќе игра за Рел Мадрид.

Мбапе и Реал Мадрид го почитуваат Модриќ и не ни помислуваат да побараат Хрватот да му го даде бројот на Французинот.

Килијан ќе ја чека десетката како што Роналдо ја чекаше седмицата.

Роналго кога пристигна во Реал Мадрид го носеше прво бројот 11, па после 9. Чекаше да си замине легендарниот Раул, а потоа тој да го добие бројот 7.

Хиерархијата е значен дел од Реал Мадрид и мора да се почитува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани