96
Идниот тренер на Манчестер јунајтед со својот Спортинг вчера го разби Манчестер сити победувајќи ги „граѓаните“ со 4:1 во Лигата на шампионите, а тоа го искористија и на „Олд Трафорд“ за мала провокација кон градскиот ривал.
Во последните години, па може да се каже и деценија Манчестер јунајтед нема многу прилики да го исмејува ривалот кој доминира во Англија и европскиот фудбал, па така вчера не ја пропуштија приликата.
Веднаш по завршувањето на натпреварот помеѓу Спортинг и Манчестер сити на Твитер профилот на Манчестер јунајтед повторно беше објавена вест дека Аморим е нивни нов тренер.
Секако дека објавата не е повторена случајно во моментите кога Аморим стигна до голема победа.