103
По 13 години Салваторе Сиригу повторно ќе го чува голот на Палермо.
Последната сезона Сиригу ја помина во дресот на Карагумрук од Турција, а сега во Палермо пристигнува како слободен играч по истекот на договорот.
Палермо е клубот каде што Сиригу и се претстави на пошироката јавност и во 2011 година направи трансфер во Пари Сен Жермен.
Кромонезе, Анкона, ПСЖ, Севиља, Џенова, Наполи Фиорентина и Ница беа преостанатите клубови каде што настапуваше 37-годишниот чувар на мрежата.
Сиригу во кариерата собра и 28 натпревари за репрезентацијата на Италија. Палермо сезонава се натпреварува во Серија Б.