738
Натпреварот помеѓу Каменица Саса и Скопје од 15. коло во Втората лига денеска беше прекинат откако гостите беа нападнати од домашни навивачи.
Инцидентот во близина на теренот се случи на 20-тина минути пред крајот на средбата, а по десетина минути чекање судиите одлучија дека нема услови натпреварот да се доигра.
Во моментот на прекинот резултатот беше 1:1. Засега нема информации дали средбата ќе се одигра.