Инфантино буквално го „отклучи“ спектакуларниот трофеј за новото Светско клупско првенство! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Светската фудбалска федерација – ФИФА на специјален настан ја закажа ждрепката за Светското клупско првенство.

Првпат во видот на репрезентативното натпреварување, со 32 клуба ќе се игра еден месец елитен светски фудбал. Домаќин ќе биде САД, а турнирот стартува на 15 јуни и ќе трае до 13 јули.

Пред извлекувањето првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино заедно со легендарниот Роналдо го презентираа спектакуларниот нов трофеј. Инфантино буквално го „отклучи“ трофејот со посебен клуч и тој доби уште поспектакуларен 3Д изглед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани